DSC_0135

автор: Морис Метерлник

адаптација: Тодор Кузманов

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Викторија Ланговска

костимографија: Викторија Ланговска

музика: Гаврило Миловановиќ

изработка на кукли: Зоран Јаневски и Венцо Димитров

улоги: Филип Кипровски, Јана Пауноска, Борјана Атанасовска, Фаик Мефаилоски, Дарко Богески, Анастасија Ашкилова, Весна Пановска

Синопсис: „Сината птица“ е претстава за сонот. Сон во кој преку двете дечиња: Тилтил и Митила се обидуваме да ги потенцираме човечките доблести: за пријателството, другарството, почитта кон постарите и хуманоста, наспроти лицемерието, злобата и љубомората, кои не се својствени за нас луѓето.
„Сината птица“ е претстава во која говориме дека е убаво да се сонува. Сонувајќи, ние можеме да ги видиме и невидливите нешта… да видиме што се случува во Иднин
ата или Минатото… да ги чуеме и видиме сите магични места и предели. Секако дека за тоа нам ни е потребна Сината птица, која верувале или не таа постои, во нашата имагинација, во нашите сеќавања. Таа е секогаш покрај нас, кога ние заспиваме… Сината птица е нашата водилка низ хуманоста, човечноста и успешноста… Со Сината птица ние сонуваме, а секој сон може да стане реалност. Важно е само цврсто да веруваме во него, за желбите да ни се исполнат.