photo2.php

Независната продукција „ТЕАТАР 007“, во соработка со „Страница“, Ве поканува на седмото издание на Интернационалниот театарски фестивал за пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2014. Несекојдневно театарско уживање, без зборови, а исполнето со магијата на мимот, гегот и физичката артикулација. Од 04-07 Октомври 2014 во Универзална сала Скопје.
Свеченото отворање ќе биде на 4 октомври, на големата сцена на Универзална сала, со претставата „Баскет ќес“, со моноспектаклот на извонредната Иман Лизаразу, која живее и работи на сцените во Америка.
На 5 октомври, Иман Лизаразу ќе одржи и еднодневна работилница, посветена на пантомимата и можностите за креативна импровизација.
Во останатиот дел од програмата, можете да ја погледнете претставата „Проклетството на Виктор и Викторија“ во режија на Војо Цветановски, која ќе биде изведена на 5 октомври на „Малата сцена“ во Универзална сала-Скопје.
На 6 октомври, исто така на „Малата сцена“, ќе биде изведена претставата „Месечев човек“, на театарот „Невидлив ансамбл“ од Велика Британија, а затворањето на фестивалот на 7 октомври ќе се случи со претставата „Приказни без зборови“ во изведба на Стефан Руксанда од Романија.
Цената на билетот за секоја претстава одделно изнесува 150 денари и истите може да се набават на билетарата на Универзална сала-Скопје.