33743_162108453805404_5373909_n

автор: Николо Аманити

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Игор Ивковиќ

костимографија: Мирјана Буразер

музика: Ненад Тонкин

Синопсис: Претставата ОТПУШОЦИ е сценска адаптација на хит романот „Последната нова година“ од италијанскиот автор Николо Аманити. Таа се занимава со еуфоријата за време не новогодишните прославувања. Дали е навистина потребно толку многу да се вложува енергија, па и пари или сета таа еуфоричност е само еден обид за прикривање на слабостите на глобалното консумерското општество? Што им се случува на одметниците од таа еуфорија? Победуваат или пак остануваат отфрелни отпушоци? Низ хуморот, необични ситуации, а понекогаш и црн хумор претставата ни ја открива сета хипокризија на денешниот современ човек, без разлика каде тој живее или што работи.

Оваа претстава премиерата ја имаше во 2006-та година. Често играна на сцената на МКЦ во Скопје. Во 2008, ТЕАТАР 007 со претставата ОТПУШОЦИ, учествуваше на Интернационалниот Театарски Фестивал, ФОКУС 2008, во Клагенфурт Австрија.