294416_283337721682476_1293304821_n

автор: Дејан Дуковски

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Миодраг Костиќ

костимографија: Миодраг Костиќ

музика: Ненад Тонкин

Синопсис: „Магија еделвајс“ е претстава која зборува за моќта на љубовта. И тоа онаа која е лишена од политички, религиски, идеолошки стереотипи и предрасуди. Базирана на текстот „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, претставата „Магија еделвајс“ е одговор на вековните предрасуди со кои се соочува нашето поднебје. Оваа претстава „дрско“ се спротивставува на вековните клишеа. „Магија еделвајс“ ја величи љубовта меѓу Елени Каринте и Кемал Ататурк, меѓу Осман Бег и Цвета, или Едис и Икономо. Претстава без граници, но со високи морални вредности.Ова е претстава во која танцуваат еросот и танатосот, љубовта и омразата.