Kelavata pejacka photo (1)

Во чест на доделувањето на нагрaди на 7-то издание на интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ , хит комедијата „Ќелавата пејачка” ќе биде изведена на последната фестивалска вечер на 17 септември со почеток во 21:00ч. на „Мала сцена“ во Универзална сала.

Претстава, која ќе Ве насмее и замисли за многу прашања.За „аспурдната реалност“ на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилието од лицемерие и лажна учтивост, за квази херои и хероини, наводните друштвени „луѓе“ кои „умираат од досада“ кога си со нив…

Претставата е на редовниот репертоар на Театар 007.