Kelavata pejacka photo (1)

автор: Ежен Јонеско

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Зоран Тошевски

костимографија: Ивана Кнез

музика: Ненад Тонкин

улоги: Ангела Наумоска, Филип Кипровски, Јана Пауноска, Дарко Богески, Илина Матеска, Фаик Мефаилоски

Синопсис: ЌЕЛАВАТА ПЕЈАЧКА е еден од најатрактивните и често поставувани текстови на Ежен Јонеско.Тој без никаква скромност е еден од најеклатантните примери за Театарот на апсурдот, чија актуелност е секогаш вечна.
Оваа претстава, во голема мера може да не научи нешто повеќе за нашето постоење во денешниот свет. Изминувањето на времето, а не оставањето траги на тоа време од наша страна, е нешто што го окупира овој автор и авторите на оваа претстава.
Апсурдните и навистина зачудувачки реплики, кои ниту една карактерно изградена личност не би ги кажала, во оваа претстава навистина постојат.Типовите на луѓе од претставата, не го измислуваат она што го кажуваат. Нешто друго говори од нивните усти. Говорот тече самиот од себе и постои очигледно сам за себе.
Ваквата состојба за жал нам не ни е толку туѓа. Се повеќе сме сведоци, на отуѓеноста на човекот од самиот себе, од она што тој навистина е.Во потрага по брза: кариера, финансии, љубов, храна и што ли уште не, човекот не го запазува времето кое изминува; времето во кое тој не оставил никакви траги. Не оставил ништо значајно. Едноставно станал брз човек или користејќи нечија туѓа терминологија, ИНСТАНТ ЧОВЕК