movie_theatre_seats

 

 

 

 

 

 

 

 

 Јавен повик за годишна програма за работа на независната продукција
„ТЕАТАР 007“ за 2017 година

Независната продукција „ТЕАТАР 007“ отвора јавен повик за доставување предлог-проекти за реализација на театарски претстави во 2017 година.

Учесниците на јавниот конкурс, потребно е да достават:

  • Режисерска експликација за предложениот проект
  • Биографија на режисерот/авторот на предложениот проект
  • Сценографска експликација и нацрт.
  • Костимографска експликацијаи нацрт
  • Листа на соработници на претставата (актери, сценограф, костимограф, автор на музика)

Предложените проекти од страна на авторите, ќе бидат разгледани од страна на продуцентот и уметничкиот совет на „Театар 007“, истите можат да се доставата во канцелариите на Театар 007 во Универзална сала Скопје (спроти билетара) или на маил theatre007@gmail.com.

Краен рок за пријавување на предлог-проектите е 01 септември 2016 година.

Прифатените проекти, ќе бидат навремено подготвени за годишниот Конкурс на министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес во кулутрата за 2016 година.

Со почит,

НЕЗАВИСНА ПРОДУКЦИЈА
„ТЕАТАР 007“-Скопје