Игра-Театар 007-2009 (1)

автор: Данил Хармс

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Ивана Кнез

костимографија: Ивана Кнез

избор на музика: Театар 007

улоги: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Благица Ристов

Синопсис: ИГРА е претстава – револт и тоа револт на стандардизираната шема на создавање театарски дела најчесто поставувани во т.н. Класичен театар кој се негува во професионалните ансамбли. Тие претстави во голема мера се темелат на основно кажување текст, со основни движења и со пренагласена емоција… претстави во кои движењето е заборавено.

А токму Движењето е основниот елемент на сите игри, кои ги играат децата, тинејџерите, возрасните, но и старите луѓе. Оваа претстава е уште еден револт и на сите политизирања на театарот. ИГРА е алтернативна приказна на професионалниот театар. Таа е Карикатура на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполеното со игра.“