Дракула-Театар-007-2006-година-(1) - Copy

автор: Загорка Поп Антоска

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Зоран Тошевски

костимографија: Ивана Кнез

музика: Ненад Тонкин

Синопсис: Вечниот заводник, љубовник и неоддолив смртник Дракула, се најде како вистинска провокација и од „Театар 007“. Оваа претстава со наслов „Дракула-вистинската приказна“ не се обидува да го оцрни “чудовиштето” кое за Стокер е крвопиец и уништувач на животот, ниту пак се обидува да го обели неговиот лик, притоа одговарајќи на прашањето за бесмртноста или пак за љубовта.”  Дракула безброј пати бил толкуван во комбинации од темите за љубовта, смртноста, стравот и ужасот – што се вечни теми кои секогаш ќе го привлекуваат вниманието. Во оваа претстава, пак, сите овие симболи се присутни, но како што велат авторите – не се доминантни. Целта на оваа претстава е да се покаже колку се небитни и неосновани обвинувањата на поединците дека некој друг е секогаш виновен за нечија судбина.  „Дракула – вистинската приказна” е приказ на патот до успехот на Стокер пишувајќи го неговиот дневнички роман, чијшто книжевен успех создава само илузија. Илузијата пак е единствената храна на модерниот човек, кој обидувајќи се да ја дознае објективната вистина запаѓа во психичка криза која, пак, го урива сиот негов систем.