300338_282233995126182_2003891145_n

автор: Афродита Кријаковска

режија: Игор Ивковиќ

продуцент: Миодраг Костиќ

сценографија: Кирил Василев

музика: Ненад Тонкин

Синопсис: Волкот сака да ја изеде Црвенкапа, а таа се обидува да се спаси од него. Пепелашка ја малтретираат двете сестри Анастасија и Гризелда, а трите џуџиња ја оплакуваат Снежана и го чекаат принцот.

Во тој момент на сцената доаѓа едно расплакано момче и влегува во светот на бајките. Тоа момче плаче затоа што добил писмо од Дедо Мраз во кое го известува дека оваа година нема да добие подарок зашто бил немирен. Сите ликови од приказните го учат дека треба да се покае за грешките, да не се кара во иднина и да оди да го побара Дедо Мраз за да му каже дека ќе биде добро дете.
Патешествието ги води до шумата, во која осамен седи Кралот Лав. Лавот е исто така напуштен од сите други животни, затоа што тој бил лош кон нив и тие се преселиле. И Лавот го бара Дедо Мраз за да му каже дека ќе биде добар со сите други животни.
Барајќи го Дедо Мраз, сите ликови наидуваат на едно прекрасно накитено село, во кое едно девојче реди подароци на елката. Тоа девојче е пресреќно затоа што Дедо Мраз ѝ ја исполнил новогодишната желба за да ги види сите ликови од бајките. Таа им кажува дека Дедо Мраз се наоѓа во Фабриката за Лампиони, наречена ФАНТАЗИЈА.
Дружината заминува во фабриката и го наоѓа Дедо Мраз. Малото момче и Лавот, заедно со Црвенкапа, Волкот, Снежана, Принцот и џуџињата и Пепелашка со двете сестри, бараат прошка од Дедо Мраз и на крајот сите среќни ја слават добрината, другарството и послушноста.
Ова е претстава во која изобилуба волшебноста, магичноста, претстава во која има многу музика, забава, игра и танци.