Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје (Универзална сала)
МАЛА СЦЕНА
13.04.2018 (петок)
22:00 ч.

„ИНТИМЕН ТЕАТАР“
Битола, Македонија

ТРИ ПРАВИ, ТРИ ОПАЧНИ
(Седум осмини)

Текст: Никола Пројчевски

Режија: Софија Ристевска Петрушева

Играат: Никола Пројчевски и Јасмина Петровска

За претставата:

„Три прави, три опачни“, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам. Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава. Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми. Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок, и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува околу нас. „Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што упорно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.

Времетраење: 60 мин.

 

 

Alexander the Great Congress CentreSkopje (Universal Hall)
SMALL STAGE
13.04.2018 (Friday)
22:00
“INTIMATE THEATRE”
Bitola, Macedonia

THREE STEPS FORWARD, THREE STEPS BACK
(metrics seven-eighths)

Text: Nikola Projchevski
Director: Sofija Ristevska Petrushevska
Actors: Nikola Projchevskiand Jasmina Petrovska

Synopsis:

“Three steps forward, three steps back” is a satiric life presentation of the ordinary man, who struggles to survive in our society, which is deformed by the liberal capitalismon a daily basis. The main protagonist on this performance is the invisible man that develops various surviving strategies. The surrounding chaotic political and social situation is discussed from an ironic point of view, which adds an additional charm and humour of the existential problems. In the performance Projchevski plays several characters, all of them individually coping with the struggles, trying to realise their wishes for a better tomorrow. Meanwhile, those characters perfectly adapt to the cruel and unclear reality and become comic and charming critics regarding everything going on around us. “Three steps forward, three steps back” in a rather light and humorous manner discusses and covers the bitter issues that bother us all. Moreover, it portraits ordinary people desperately trying to exist in the chaos, determined not to give upunder any circumstances.

Duration: 60 min