Датум: 08.04.2017 (Сабота)
Почеток/Место 20:00 (ДРАМСКИ ТЕАТАР – Скопје)
Земја: Приштина, Косово
Име на претстава: „Претстава со четири актери и неколку свињи и крави и коњи и Премирер и Милка чоколада крава и неколку локални и меѓународни инспектори“
Име на театар: Ќендра Мултимедиа
Автор: Jeton Neziraj
Режисер: Blerta Neziraj
За претставата: По трагикомичниот излез на Велика Британија од ЕУ, празниот простор што таа го остави зад себе треба брзо да се пополни, во спротивно ЕУ може да пропадне. Европа го сврте своето внимание кон Косово, кое ненадејно се најде соочено со историска можност што мора да ја искористи. Но како и секој пат, за се’ мора да постои предизвик. Покрај Косово, и Србија има шанса да влезе во ЕУ. Луѓето и животните во Косово се мобилизираа за да ги исполнат стандардите што им ги постави ЕУ како услов за влез, и тие сакаат да го сторат тоа подобро и побрзо од Србија. Основниот документ на ЕУ даден на властите во Косово се нарекува Косово и 3.000 лесни регулативи на пат за Европа. Од сега натаму, дури и касапницата на Тони Блер мора да продава месо проверено дека е со висок квалитет. Во нивните залагања да ги исполнат условите, сопствениците на касапницата изодуваат кафкаски пат низ државната бирократија, справувајќи се со службеници кои се корумпирани и се од никаква помош. Тие дури мораат да украдат жирафа од Зоолошката градина во Скопје за премиерот на Косово да ја јаде за неговиот роденден. И додека малкумина во новата држава се залагаат за исполнување на предизвикот, животинскиот светот на Орвел се мобилизира и сака да го искористи политичкиот момент да постави и изрече нови барања за подостојно колење. Напишан од страна на локален циник, оваа драма е трагикомична панорама на сегашното Косово и европската реалност. Искрената аспирација на Косово да ѝ се приклучи на Европската Унија од една страна се соочува со збунувачки и смешни барања и регулативи од страна на ЕУ, а од друга страна со бирократските измамници чија единствена грижа е како да направат работите да изгледаат добро на хартија.
Играат: Шенгил Исмаили
Блерта Незирај
Адриан Морина
Ернест Малазогу
Шпетим Селмани
Арт Љокај
Дрин Таши
Времетраење: 100 мин
Превод: Титл

Date: 08.04.2017 (Saturday)
Start/Venue: 20:00 (DRAMA THEATRE – Skopje)
Country: Pristina, Kosovo
Performance: „A play with four actors and some pigs and some cows and some horses and a prime minister and a Milka cow and some local and international inspectors“
Theatre: Qendra Multimedia
Author: Jeton Neziraj
Director: Blerta Neziraj

Plot: After Great Britain’s tragicomic exit from the EU, the empty space has to be filled quickly, otherwise the EU might collapse. Europe has turned its eyes on Kosovo, which unexpectedly finds itself facing an historic opportunity, which it must exploit. But, as always, it comes with a huge challenge. In addition to Kosovo, Serbia also has the chance to enter the EU. People and animals in Kosovo mobilise to meet the standards that Europe has set as a condition of entry, and to do this better and faster than Serbia. The basic EU document that is given to the Kosovar authorities is called Kosovo and 3,000 easy regulations on the way to Europe. The Tony Blair Slaughterhouse in Prishtina, from now onward, must start to sell meat which has been quality-controlled. In their effort to meet this condition, the owners of the slaughterhouse make a Kafkian journey through the state bureaucracy, dealing with officials and bureaucrats who are unhelpful and corrupt. They even have to steal a giraffe from the Skopje zoo for the prime minister of Kosovo to eat on his birthday. And while some people in the new country naively commit to this new challenge, the Orwellian world of animals mobilises and wants to exploit this political momentum to set out and articulate their demands for more dignified slaughter. Written by a local cynic, this play is a tragicomic panorama of the current Kosovar and European reality. Kosovo’s sincere aspiration to join the EU is confronted on the one hand by confusing and ridiculous European regulations and requirements, and on the other hand, by the ruses of bureaucrats who care only about making things look okay on paper;

Cast: Shengyl Ismaili
Blerta Neziraj
Adrian Morina
Ernest Malazogu
Shpetim Selmani
Art Lokaj
Drin Tashi
Duration: 100 min
Translation: Subtitles