ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ЦЕНТАР – СТАРА ЧАРШИЈА (ДТЦ)
16.04.2018 (понеделник)
20:00

„АРТОПИЈА“
Скопје, Македонија

„УЖЕГНАТОСТ“

Автор:Иван Вискоичил
Режија: Владимир Милчин
Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски

 

За претставата:

Во центарот на градот се наоѓа таинствената Бела палата. Граѓаните не знаат која институција е сместена. Службениците кои се вработени во неа постојано носат шапки. Граѓаните не знаат дека под шапките службениците носат путер. Тие носат шапки и под нив путер на главите и кога се на своите работни места во Белата палата, и кога одат по улица, и кога по работното време ќе појдат на пијачка. А кога ќе дојдат дома, ги симнуваат шапките и путерот го оставаат во фрижидерите за да не се истопи. Однатре, Белата палата е всушност огромен фрижидер во кој службениците седат со путер на главите. Платени се со путер на главите да ги пречекуваат шефовите кога овие, разбеснети поради проблемите, ќе влетаат и ќе се истурат врз главите на службениците. Ќе се олеснат врз наведнатите глави на службениците кои не знаат како изгледаат шефовите. Не смеат ни да ги кренат главите.

Еден ден, системот доживеал хаварија. Во Белата палата снемало струја, путерот почнал да ужегнува, да се топи и да се слева по лицата на службениците. Подот на салата станал мочуриште од пожолтена смрдлива лигавица на која се лизнал еден од главните шефови и буквално се искршил на парчиња. И тогаш службениците сфатиле дека нивните шефови биле гипсени скулптури, пиедестали и скелиња…

Кафкијанската гротеска се расплеткува пред гледачите во текот на истрагата што ја води еден не многу агилен истражител кој со два прста удира по машината. Во признанијата на тројцата преживеани службеници се открива дека Белата палата била гнездо во кое службениците, без оглед на понизноста пред шефовите, изградиле еден систем на корумпираност, полтронство, лицемерие и проституција. Записникот кој на крајот ќе го прочита истражителот не содржи ништо од признанијата и исповедите на службениците. Тој е само неразбирлива турлитава од зборчиња, букви и интерпункциски знаци, хартија која ќе заврши во кошот за отпадоци.

Времетраење: 105`

 

 

CHILDREN’S THEATRE CENTRE – THE OLD BAZAAR (ChTC)
16.04.2018 (Monday)
20:00
“ARTOPIA“
Skopje, Macedonia

“RANCIDNESS“

Author:Ivan Vyskočil
Director:Vladimir Milchin
Cast:Simona Spirovska Kostovska, Natasha Petrovikj, Tamara Ristoska, Nenad Mitevski, Bojan Kirkovski, Martin Jordanoski

 

Synopsis:

The White Palace is situated in the city’s centre. The citizens do not know which institution functions on its premises. The employed officials constantly wear hats. The citizens are not aware of the fact that the officials wear butter under their hats. The officials wear the hats and the butter 24/7 – at work in the White Palace, on the streets, and at after-work parties. Once they reach their homes they take off their hats, they put the butter into the fridges so it doesn’t melt. Actually, the interior of the White Palace is a huge fridge in which the officials spend their working time with butter on their heads. They get paid to sit with butter on their heads and welcome their bosses who storm in and bring the problems on the heads of their employees. The bosses ease their problems by putting them on the employees’ bent heads who do not even know what their bosses look like. They are not even allowed to raise their heads.

One day a failure occurred in the system. There was electricity cut in the White Palace and the butter went rancid, started to melt and started to drip on their faces. The floor of the building was covered into a slimy yellowish pond. One of the bosses slipped and literally broke into pieces. It was then the employees realised that their bosses were nonetheless but plaster sculptures, pedestals and scaffolds….

The Kafkaesque grotesque unfolds in front of the viewers during the investigation led by a not very agile inspector who types with only two fingers. The confessions of the three survived officials reveal that the White Palace was a cradle into which the officials, despite their submissiveness, created a system of corruption, sycophancy, hypocrisy and prostitution. The record read by the inspector at the end does not contain the officials’ confessions. It is only a mixture of unclear words, letters and punctuation – a piece of paper deemed to end up in the paper bin.

Duration: 105 min