МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ (МОБ)
МАЛА СЦЕНА
16.04.2018 (понеделник)
22:00

Независен проект
Скопје, Македонија

„ЛА ЛА ЛА“

Кореограф: Саша Евтимова
Костими и сценска идеја: Саша Евтимова
Светло дизајн: Милчо Александров
Музика: Драган Ѓаконовски – Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски, Дуке Бојаџиев
Играат: Ангела Велевска, Игор Веланоски, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Ангела Богатинова, Агим Бафтии, Мила Ниновска, Кристијан Јангос, Дилјана Јанева, Мартин Саздовски, Медина Јусуфовиќ, Ендру Кук, Романа Јуханесовичова, Симона Митовска, Андреј Литвиненко, Саша Евтимова

За претставата:

За оние што сонуваат… Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталгичност… Сентиментален копнеж за среќа. Времињата во кои живееме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка мискана лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не` води на незаборавни патувања. Прегрнете ги спомените. Чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Напраете свој мал свет и ништо повеќе не ви е потребно. Толку работи има во животот од кои сме се плашеле, а немало никаква потреба за тоа. Се` што ни било и се` што ни е потребно да живееме. Се е во нас, а не таму каде што живееме. Не постојат граници, ние самите си ги поставуваме. Ако сме отворени, оптимистични и ако веруваме во себе, тогаш целиот свет е наш.И тогаш сфаќате – само едни очи се најдраги, една насмевка најубава, само едни раце умеат да прегрнат најискрено.

Времетраење: 50 мин.

 

 

MACEDONIAN OPERA AND BALLET (MOB)
SMALL STAGE

16.04.2018 (Monday
)
22:00
Independent project

Skopje, Macedonia

“LA, LA, LA”

Choreography: Sasha Evtimova
Stage and costume: Sasha Evtimova
Light: Milcho Aleksandrov
Music: Dragan Gjakonovski – Shpato, Todor Bojadziev, Dimitar Masevski, Duke Bojadziev
Cast: Angela Velevska, Igor Veljanoski, Hristina Nakjeva, Miroslav Mitrashinovikj, Angela Bogatinova, Agim Baftii, Mila Ninovska, Kristijan Jangos, Diljana Janeva, Martin Sazdovski, Medina Jusufovikj, Andrew Cook, Romana Juhanesovichova, Simona Mitovska, Andrej Litvinenko, Sasha Evtimova

Synopsis:

For the dreamers …… The music triggers so many emotions within us, so many memories, longings, hopes, nostalgias…. Sentimental longing for happiness. The times we live in, the people we share those moments – nothing can revive those times, those memories, that life – nothing apart from an old mixed music tape. Only that music can bring back the memories, can piece together the jigsaw and can write a page in the book of our life. Each mixed music tape tells a story from a different time. The music takes us to unforgettable journeys. Embrace the memories. Keep them close to your heart. Yesterday we were what weare trying to forget today. Create your own tiny world and you won’t need anything else. There so many things we have been afraid of for no reason. Everything we’ve need and everything we need to live. Everything is within us, it is not around us. There aren’t any limits, we create them. If we are open, optimistic and believe in ourselves, then the world will be ours. And then you’ll realise – only one pair of eyes are the dearest, one smile is the most precious, one pair of arms can give the most sincere hug.

Duration: 50 min