07.07.2019/НЕДЕЛА/20:00
Сцена: Галерија КОЛЕКТИВ

ЈАС СУМ АКТЕР – ЧОВЕК

Режија: Теа Беговска
Продукција: Алтернативен проект
Играат: Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановска, Дарјијан Петров
Музика: Енес Беговски
С. Македонија

ЗА ПРЕТСТАВАТА:

Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас.
Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театарски перформанс кој говори за тоа дека ништото  е доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што не’ прави посебни секој сам за себе. Приказна за тројца актери кои раскажуваат приказни низ кои ја запознаваме нивната интимност. Зборуваат за работи кои им пречат, работи кои ги сакаат, поставувајќи си го вечното прашање КОЈ СУМ ЈАС? Зборуваат за мигови од животот кои сите ги поминуваме кога сме сами. Многу дилеми, многу прашања, многу осаменост и потрага по сопствената суштина. Се ставаат во позиција на луѓе, но и на актери. Актерот е пред се’ човек кој истражувајќи ги своите чувства и однесувања доаѓа до некакви лични сознанија. Актерот е човек кој би требало да е ведар и пријателски настроен во друштво, тој е еден голем набљудувач на околината и неговото опкружување. Но, кога ќе се врати дома, тој е сам со себе и своите мисли. Актерот во својата суштина е еден многу осамен човек кој многу често си разговара самиот со себе си. Разговорите кои актерот ги води со себе се многу долги, понекогаш бесмислени и чудни за околината. Но нели е тоа нешто што го прави секој човек? Нели е тоа дел од природата на човекот? Да се погледне во огледало и сам на себе да си каже нешто. Актерот-човек во оваа претстава сака да допре до публиката со своите приказни и да ја охрабри да ги каже на глас работите што ги мисли за себе и за другите. Човек денес е индивидуалец, не често има можност да разговара со некој, па затоа не е чудно што понекогаш води дијалог сам со себе.

07.07.2019/SUNDAY/20:00
Stage: KOLEKTIV Gallery

I AM AN ACTOR – HUMAN

Director: Tea Begovska
Production: Alternative project
Cast: Nikola Kuzelov, Nadica Petrova, Elizabeta Stefanovska, Darijan Petrov
Music: Enes Begovski
N. Macedonia
Synopsis:
Who am I? What am I? Alone, I am by myself. That is me.
A theatre performance that speaks about the human loneliness, love, and extent to which we love ourselves, and the person next to us. Am I a human? Am I an actor? Actor – human or human-actor? We are humans when you are by ourselves, but when we are out there we become many people. This performance deals with the moments of one person’s life, what a person does when is home alone. Everything we are afraid of speaking out load is going to be loudly outspoken by these actors. The audience is a part of these stories; it shall be a witness of each moment that person spends with himself. An interactive theatre performance speaking that the nothingness is enough and that nothingness is still something that makes us special to ourselves. A story about three actors who tell stories through which we meet their intimacy. They speak about the things which bother them, things they love, and they ask themselves the eternal question WHO AM I? They talk about the moments in life that we all go through when we are alone. Many dilemmas, many questions, a lot of loneliness and search for the personal essence. They are put in positions of a human, as well as actors. Above all, the actor is a human who by exploring their feeling and behavior reaches certain personal knowledge. The actor is a human that is supposed to be cheerful and friendly when in a company, he is a great observer of the environment and his surroundings. However, when he comes back home, he finds himself alone with his own thoughts. The actor in his own essence is an extremely lonely man who quite often talks to himself. The actor’s talks with himself drag on and on and occasionally they are rather thoughtless and weird for the surrounding. But, isn’t it something every person does?  Isn’t it a part of the human’s nature? Looking yourself in a mirror and saying something to yourself. The actor-human in this performance wants to touch the audience with his stories and encourage it to say out loud the things they think about themselves and the others. The human, nowadays, is an individual, who rarely has an opportunity to talk to someone, thus it is not awkward he speaks to himself.