04.04.2019/ЧЕТВРТОК/20:00
Сцена: Кино Култура

КАКО СЕ ПРАВИ ЧОВЕК

Режија: Хана Миленковска
Продукција: Театарот на Навигаторот Цветко
Играат: Наталија Теодосиева, Чедомир Митевски, Зоран Митровиќ, Исидор Јованоски
Драматургија: Горјан Милошевски
Кореографија: Валентино Апостоловски
Музика: Гаврило Миловановиќ
С. Македонија
ЗА ПРЕТСТАВАТА:

Нашиот вид се наоѓа пред крстопат. Процесираме повеќе дразби, повеќе чувства од било кога досега. Новиот човек е преморен од сведочење ужас и неправда, преоптеретен со болката на целиот свет одеднаш. Анксиозен и апатичен, истовремено.
Ние, се собравме под една заедничка кауза. Да зборуваме за тоа дека ранливоста е доблест,  дека сочувствителноста е двигател на новите процеси низ кои треба да поминеме.
Дојдовме до сознание дека оваа претстава е само почеток на еден долг процес за секој од нас поединечно.  Процес на прифаќање. Прифаќање на личните трауми, на механизмите за заштита кои ги создаваме, на сопствената резигнираност.
Сега останува да видиме дали нашите сознанија се релевантни за нашата публика, нашите солуѓе. Дали некој ќе пронајде смисол  во сочувството.

04.04.2019/THURSDAY/20:00
Stage: Kultura Cinema

HOW TO CREATE A MAN

Director: Hana Milenkovska
Production: Theatre Navigator Cvetko
Cast: Natalija Teodosieva, Chedomir Mitevski, Zoran Mitrovikj, Isidor Jovanovski
Dramaturgy: Gorjan Miloshevski
Choreography: Valentino Apostolovski
Music: Gavrilo Milovanovikj
N. Macedonia
Synopsis:
The humankind finds itself at a crossroad. We have been processing greater stimuli, greater feelings than ever before. The humankind is exhausted from witnessing a terror and injustice, and is overloaded with the pain borne by the whole world. At the same time he is anxious and dull.
We have gathered under a joint cause. That is, to speak about the vulnerability as a virtue, that sympathizing is an impetus of new processes we are supposed to go through.
We have come to a conclusion that this is a just the beginning of a lengthy process for each one of us. A process of acceptance. An acceptance of the personal traumas, of the protection mechanism created for the personal resignation.
Now, what is left is to find out whether our conclusions are relevant to our audience, our co-humans. Whether anyone finds any sense in sympathizing.