05.04.2019/ПЕТОК/20:00
Сцена: Кино Култура

КОКОШКА

Режија: Ана Батева
Продукција: СПАМ студиос и театарска работилница СФУМАТО
Играат: Васил Дуев и Василена Винченцо
Музика: Стефан Здравевски
Бугарија
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Темата за слободниот дух на човекот е често среќавана тема во творештвото на А.П.Чехов. Така и нашите ликови – Нина Заречнаја и Александар Тимофеевич, заминуваат за “големиот град“, вљубувајќи се еден во друг и наоѓајќи ја својата лична слобода во уметноста. Но она со што тие треба да се соочат во “големиот град“ се лажливите пријателства и “вештачкото“, но многу „арт“ опкружување.
Но што се случува кога „слободата“ ќе го напушти духот на човекот и имено тоа стане причина за распуштено однесување, за смелост кон тривијално творечко изразување и живеење придружено од материјализмот, од “надворешното”, од “формата“, од кичот и желбата за шумна слава? И се’ тоа на секоја цена. По тој повод Чехов би додал: “Многу ми е жал за луѓето кај нас – толку се сите несреќни, толку се осамени и толку многу ги оштетила зависта – цела мизерија! Родени роби, сите се умилкуваат, готови се да ги бакнуваат нозете и да ги лижат петиците на претпоставените! Колку е само тоа лажно и непотребно!“, а Николај Кољада би додал: “Луѓето на уметноста – се вештачки!“ Заслужувајќи го своето добро име и место во современата руска култура – Николај Кољада е нарекуван и споредуван како “Чехов на нашето време“. Кољада зборува со бескомпромисен јазик за интригите во театарските средини, за недостатокот на култура во културата, за “еднодневните“ и “лесни“ претстави со лош квалитет и за потребата од критика. А можеби уметноста денес има потреба точно од тоа? “Кокошка“ е првата претстава на новосоздадената организација за театар SPAM studios, а на интернационалниот театарски фестивал во Приштина (Косово) ги добиваат и првите награди – за најдобра режија на Ана Батева и за најдобра претстава.

05.04.2019/FRIDAY/20:00
Stage: Kultura Cinema

Hen

Director: Ana Bateva
Production: SPAM Studios and SFUMATO Theatre Laboratory
Cast: Vasil Duev and Vasilena Vichenco
Music: Stefan Zdravevski
Bulgaria
PLOT:
The topic about the human’s free spirit is quite often met in A.P. Chekhov’s literary work. When our characters – Nina Zarechnaya and Alexandr Timofeevich, set off to the “big city”, they fall in love with each other and discover their personal freedom in the art. However, what they are to face in the “big city” is the false friendship and the “artificial” with quite a lot of “art” surrounding.
But the thing that happens when the “freedom” leaves the human spirit is that it becomes the reason for immoral behavior, boldness towards the trivial artistic expression and life accompanied with the materialism, the “exterior“,the “shape”, the “kitsch”  and the desire for a  blooming glory.  All of that at any cost. Hereby, Chekhov would’ve added: “I’m terribly sorry for the people here – they’re so miserable, so lonely and have been deeply damaged by the jealousy – a total misery! Born as things, they are all trying to please and are on alert to kiss their bosses’ feet! That is so unnecessary and fake! Having earned his good reputation and place in the modern Russian culture – Nikolay Koljada is named and compared to Chekhov of the present time. Koljada speaks with an uncompromising tongue about the intrigues in the theatre surroundings, about the luck of culture in the culture itself, the “one-day” and “easy” performances with poor quality and the need for critics. Perhaps, the art nowadays needs exactly that? “Hen” is the first performance on the newly established theatre organization SPAM studios, and on the International Theatre Festival in Prishtina (Kosovo) it was awarded with the first awards – Ana Bateva, best director and best performance.