09.04.2019/ВТОРНИК/20:00
Сцена: Театар Сенки и облаци

ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ

Автор: Н. Гогољ
Режија: Ѓорѓи Ризески
Продукција: Алтернативен проект
Игра: Бобан Алексовски
С. Македонија
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее. Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината? Дали?! „Дневникот на лудиот“ e провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не’ разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент – трката во која живееме. Претставата во октомври 2017 година добива две награди на Balkan Theater Tirana Festival: *Награда за НАЈДОБРА РЕЖИЈА на фестивалот за Ѓорѓи Ризески  *Награда за НАЈДОБАР АКТЕР на фестивалот за Бобан Алексоски
„Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај.”

09.04.2019/TUESADAY / 20:00
STAGE: Shadows and Clouds Theatre

DIARY OF A MADMAN

Author: N. Gogol
Director: Gjorgji Rizeski
Production: Alternative project
Cast: Boban Aleksovski
N. Macedonia
Synopsis:
Aksentie Ivanovoch runs his last lap of hope, together with his guests, who are listening to and evaluating his story. Everyone in the audience thinks differently, and each answer is rather important to Aksentie to carry on living. Are the people willing to hear the truth? Are they?  “Diary of a Madman” is a provocative text, which even though it was written back in 1835, is still immensely popular. Gogol however tries to wake us up from the daydreaming in the daily life and the problems regarding the social moment – the rat race we live in. In October 2017 the performace won two awards at the Balkan Theater Tirana Festival: *BEST DIRECTOR award for Gjorgji Rizeski  *BEST ACTOR award for Boban Aleksoski.
“Our performance deals with how important is to have a support in order to succeed in life, and how much responsibility we bear regarding our success or failure in life. Disappointment is not an answer, there is this spark of happiness we all search for, and however there are many obstacles we have created ourselves that hinder us from finding our happiness and be delighted untill the end.”