Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, во единаесетте години постоење се етаблираше на светската и македонска културна мапа, како фестивал кој нуди уникатни, експресивни, инвентивни сценски доживувања создадени од независни професионални компании од Европа и Светот. „Лица без маски“ е еден од ретките светски фестивали, кој ја негува алтернативната и експериментална театарска естетика, која пулсира со современото културно и социолошко живеење. Целта на фестивалот е да се покажат новите театарски тенденции, алтернативниот театарски израз како опозит на стереотипните форми на државните театри и воедно да се крене гласот преку ваквите претстави против клишеата и не-различноста. ИТФ „Лица без маски“, во својата програма секоја година, освен прикажување претстави, организира и секојдневни работилници, предводени од истакнати професионални режисери и актери на независната театарска продукција од светот. Од 2010 ИТФ „Лица без маски“ е во организација на независната продукција „ТЕАТАР 007“, во соработка со Ј.У. ЦОП „Универзална сала“ – Скопје. Фестивалот е со натпреварувачки карактер, и се доделуваат 3 награди, и тоа: Награда за најдобра актерска игра, награда за најдобра режија и награда за најдобра претстава во целина ГРАНД ПРИ. За наградите одлучува три члено жири.

 

In its 11 years of existence, the International Theatre Festival “Faces without Masks” has left a mark on the World and Macedonian’s cultural map, as a Festival, which offers unique, expressive, innovative theatre experience created by independent professional companies from Europe and other parts of the World. “Faces without Masks”, is a rare worldwide Festival that nourishes the alternative and experimental theatre aesthetic, and pulses with the cultural and social living.  The aim of the Festival is to show the fresh theatre tendencies, the alternative theatrical expression as adverse to the stereotypical forms of the state’s theatres, and in the mean time to raise its voice through such performances against the clichés and being no-different. The ITF “Faces without Masks”, each year in its program, besides the performances, organizes workshops on daily bases, led by prominent professional directors and actors of the independent theatre production in the World. Since 2010 the ITF “Faces without Masks” has been organized by the independent theatre production ‘THEATRE 007”, in co-operation with PI COP “Universal Hall” Skopje. The festival is with competitive character, and three awards are given, as follow: Award for Best acting skills, Award for Best Director, Grand Prix for Best performance. For the awards deside a three member jury.