Датум: 10.04.2017 (Понеделник)
Почеток/Место: 22:00 „МАЛА СЦЕНА“ при Конгресен центар „Александар Македонски“
Земја: Битола, Македонија
Име на претстава: „СКРШЕНАТА СТОМНА“
Име на театар: ИНТИМЕН ТЕАТАР
Автор: По мотиви од Хајнрих Фон Клајст и авторски текстови на Билјана Крајчевска
Режисер:Софија Ристевска
За претставата: „Скршената стомна“ е расказ за изгубениот и заблудениот човек што нема капацитет да се бори, а секогаш го избира патот на финансискиот прогрес. Со помош на огромната индустрија, таканаречена „пластична хирургија“, надворешноста се доведува до перфекција, а душевноста затапува и го губи својот фокус. Оттука и идејата дека по улиците шетаат полумртви кукли, жртви на чудовишниот капитализам, што пополека се прекршуваат и ја губат својата животна рамнотежа. Па оттука се поставува и прашањето дали треба да останеме луѓе и да се бориме до крај да не се загубиме во шумата од капитал што не демне, или треба да заминиме во сигурна душевна смрт и да се поистоветиме со алчните зелени банкноти… СКРШЕНАТА СТОМНА е симбол за скршениот получовек што изчезнува под тежината и суровоста на КАПИТАЛОТ! (Во претставата имаме и госпоѓа којашто преживеала рак на дојка и којашто зборува за својата болест од свој аспект).

Играат: Ирис Андриопулу, Дора Василику, Фани Далезу, Хелен Мандилара, Попета Сулу, Павлос Контогианидис и Константинос Цаканис.
Времетраење: 80 мин

Date: 10.04.2017 (Monday)
Start/Venue: 22:00 SMALL STAGE at “Alexander the Great” Congress Centre
Country: Bitola, Macedonia
Performance: “THE BROKEN CLAY PITCHER“
Theatre: INTIMATE THEATRE
Author: Based on themes by Heinrich Von Kleist and texts by Biljana Krajchevska
Director: Sofija Ristevska
Plot: “The Broken Clay Pitcher” is a performance about the lost and confused person who has no capacity to fight, and by default chooses the path which guarantees him/her a financial progress. By the aid of the enormous industry, such as the “plastic surgery”, the appearance is brought to a perfection and the soul becomes numb and losses its focus. Thus the idea of having a half-dead dolls walking along the streets, who are victims of the monstrous capitalism, and who slowly bend and lose their life balance appeared. Shall we remain humans and fight till the end in order to avoid being lost in the forest of a capital that stalks us, or shall we retire into the most definite soul death and identify ourselves with the greedy green notes… THE BROKEN CLAY PITCHER is a symbol of the broken half-man who disappears under the weight and cruelty of the CAPITAL! (There is a lady in the performance who has won the battle with the breast cancer and she tells her story from her aspect).
Cast: Iris Andriopulu, Dora Vasiliku, Fani Dalezu, Hellen Mandilara, Popeta Sulu, Pavlos Kontogianidis and Konstantinos Cakanis.