Почитувани,

„СПЛУНГ АВТОРИ – ТЕАТАР 007“, отвора повик за волонтери за претстојното 10-то јубилејно издание на ИТФ „Лица без маски“.
Бараме пет до седум млади луѓе, на возраст до 18-30 години, со активно познавање на англиски јазик, да се комуникативни, друштвени и да го сакаат театарот и уметноста.

Фестивалот ќе се одржи од 08-12 април 2017, на неколку различни сцени во Скопје (МОБ, МНТ, Драмски Театар, Театар Комедија)

Организацијата за волонтерите обезбедува:

-бесплатен автобуски превоз
-ручек во текот на денот
-маичка за време на фестивалот
-по два бесплатни билети за секоја претстава
-бесплатно учество на работилниците кои се дел од програмата на фестивалот

Волонтерите се потребни за распоредување на неколку активни позиции во делот на организацијата на гостите и групите учесници на фестивалот, а имаме потреба и за делот на техничка поддршка.

Сите пријавени кандидати да испратат свое CV на itf.faceswithoutmasks@gmail.com најдоцна до 24 март 2017

Со почит,
ИТФ „Лица без маски“